• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Тим студенти од факултетот „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право

Тим студенти од факултетот „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право

Охриѓанката Зорица Наумоска, дел од тимот од седум студенти на правниот факултет „Јустинијан Први“ кој постигна огромен успех на најголемиот натпревар во меѓународно арбитражно право, Вилијам Ц Вис во Виена. Тимот од студенти по право, заедно со нивните професори и асистенти-тренери, со постигнатиот резултат, се ставија рамо до рамо со некои од најпрестижните светски универзитети како Кембриџ, Оксворд, Сорбона. 

 |  Мишел Наумоски  | 
zorica naumoska
зорица наумоска

Тимот од студенти по право од правниот факултет „Јустинијан Први“, предводени од нивните професори и асистенти-тренери, со огромен успех на натпреварот по меѓународно арбитражно право Вилијам Це Вис во Виена. Дел од нив и охриѓанката Зорица Наумоска, која заедно со колегите Љубен Коцев, Марија Ангеловска, Константин Битраков, Маријана Станинова, Христијан Давидовиќ и Игор Тасевски го составуваше правниот тим кој успеа на овој натпревар, со постигнатото да се вброи помеѓу 32та најдобри светски универзитети по меѓународно арбитражно право.

Zorica arbitrazno pravo„Целиот натпревар, целите подготовки, подготвителните рочишта и пред-арбитражните сослушувања, сето тоа се одвива на англиски јазик, дури ние меѓу себе на почетокот разговаравме на англиски јазик за да може да се навикнеме и ова што сега се вброивме помеѓу десет проценти од најдобрите универзитети во светот претставува огромен успех кога се борите рамо до рамо со некој на кој што англискиот му е мајчин јазик.“-вели Зорица Наумоска, студент на правниот факултет „Јустинијан Први“.

Иако самиот натпревар трае неколку дена, самата подготовка на правните тимови се случува околу седум или осум месеци. Натпреварот пак е нешто повеќе од само натпревар, туку и вистинска можност за студентите да добијат одлична пракса и да почувствуваат како е да се води вистински правен спор.

natprevar arbitrazno pravo„Се работи за спор кој што произлегува најчесто од меѓународен трговски договор. Во Октомври, околу 10ти, 11ти Октомври пристигнува договор и цел случај изграден со докази, со потребни меѓународни договори, акти различни, правни извори што треба да се користат, исто како што ги користат луѓето што се занимваат со оваа професија во реалниот живот. Големо благодарение до професорот д-р Десковски и до асистентите тренери кои што правеа надчовечки напори да ја обезбедат таа литература, која што ја немаме на правниот факултет, ја немаме во државата, сето тоа се обезбедува од нивна страна, приватно.“-рече Наумоска.

Овој меѓународен натпревар се одржува веќе 22ри пат. На него, годинава учество зеле околу 300 универзитети и повеќе од 1000 студенти заедно со нивните професори и тренери. Тимот од правниот факултет „Јустинијан Први“ предводен од професор д-р Тони Десковски и асистентите м-р Вангел Доковски и м-р Ана Пепељуговска, адвокат во адвокатско друштво „Пепељуговски“ најпрво се пласираа во финалната рунда од 64, а потоа и го минале и следниот чекор, вбројувајќи се во 32та најдобри светски универзитети по меѓународно арбитражно право, борејќи се рамо до рамо со студенти од некои од најпрестижните универзитети како Сорбона, Кембриџ, Оксворд, Јејл, Хајделберг. Инаку на овој натпревар, Љубен Коцев, студент во втора година мастер студии, се закити со наградата најдобар студент оратор или студент адвокат, награда која ја добиваат само 20 до 30 учесници од целиот натпревар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top