Тилевски: Ќе изградиме современ кеј

Изградбата на современо уреден кеј со чија реализација ќе се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор, беше тема на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Наш долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија па затоа треба се да направиме да го задржи епитетот што го има, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски. При тоа Тилевски го најави проектот за изградба на современо уреден кеј, како што рече, со чија реализација ќе се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор.

Градскиот кеј како најпрепрезенталиво и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика. Проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши замена на бекатон плочките, да се отстрани и да се постави нова инсталација. Ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик, изјави Тилевски.
Тилевски нагласи дека новиот Градски Кеј ќе биде и нов лик на градот, модерно шеталиште во кое охриѓани и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.
Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште попрепознатливо место и туристичка дестинација. Секогаш охриѓани, секогаш работа, секогаш Охрид. Имам визија за Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет за заедно да ги реализираме зацртаните проекти, рече Тилевски.

Тилевски рече дека покрај реконструкцијата на кејот ќе има промени и во режимот на сообраќај се со цел овој простор да биде строго наменет за пешаци и велосипедисти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top