Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски, ја презентира визијата за подолга туристичка сезона во Охрид.
Кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски, ја презентира својата визија- како од Охрид да направи убав, пријатен и модерен град. Ние не се плашиме да превземеме обврски кои потоа ќе ги оствариме, рече Попоски на вчерашната трибина во чии рамки беше промовиран Проектот за изградба на Охридски интернационален саем.
Овој проект не е само идеја, туку проект кој ќе се реализира, потенцира Попоски. Саемот е предвидено да нуди бројни содржини: изложбен простор во кој излагачите ќе може да ги презентираат своите материјали, Конгресен центар со мултимедијални содржини, паркинг простор, базен.
Нашата идеја е, рече носителот на советничката листа од НСДП, Верица Хајба, да ја продолжиме туристичката сезона од 40 на 365 дена.
За сето ова да се реализира потребно е само да ме изберете мене- Ацо Попоски за градоначалник, рече кандидатот од НСДП. Човек, храбар како мене, знае како да ги реализира и најкрупните проекти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град