ТИ: Потребен е поголем политички интегритет

Во најновиот Индекс за перцепцијата на корупцијата во светот во 2019 година на Транспаренси интернешнал Македонија со рејтинг 35 се најде на 106 место.

 |   | 

Во најновиот Индекс за перцепцијата на корупцијата во светот во 2019 година на Транспаренси интернешнал Македонија со рејтинг 35 се најде на 106 место.

На листата од 180 земји на првите места се Данска и Нов Зеланд додека на последните Јужен Судан и Сомалија. Што се однесува до регионот Хрватска е на 63, Црна Гора на 66, Босна и Херцеговина и Косово на 101 место. Повеќе од две третини од земјите – заедно со многу од најнапредните светски економии – стагнираат или покажуваат знаци на заобиколување во нивните антикорупциски напори.

„Фрустрацијата од владината корупција и недовербата во институциите говорат за потребата од поголем политички интегритет“, оцени Делија Фереира Рубио, претседател на Транспаренси Интернешнл, додавајќи: „Владите мора итно да се осврнат врз корумпирачката улога на големите пари во финансирањето на политичките партии и на непотребното влијание што тоа го има врз нашите политички системи“.

За да се намали корупцијата и да се врати довербата во политиката Транспаренси Интернешнал, меѓу другото,им препорачува на владите: контрола на политичкото финансирање за да се спречи прекумерно влијание врз политиката, зајакнување на изборниот интегритет и спречување и санкционирање на кампањи за дезинформации, како и заштита на активисти, свиркачи и новинари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top