Денеска пакетчиња и им беа доделени на дечињата со посебни потреби кои учат во ООУ Св Климент Охридски.
Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава.
„Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот ќе помине во 11 градови и ќе посети 25 институции и ќе подели 1500 пакетчиња на институции кои згрижуваат деца со посебни потреби“, вели Лиле Жилеска,маркетинг менџер во Тинекс.
Жилеска додава дека оваа компанија често знае да подготви изненадување за оваа ранлива категорија граѓани. Таа додава дека и досега реализирале бројни активности насочени за овие деца, но дека и во иднина нема да ги одминуваат туку напротив ќе направат се да и овие дечиња ја почувтвуваат топлината на празничната атмосвера.
„Во Охрид сме во СВ. Климент Охридски и во уште две институции кои згрижуваат деца болни од церебрална парализа. Денеска ќе го посетиме и училиштето браќа Миладиновци во Струга кои има паралелка со деца со посебни потреби и така ги закружуваме Охрид и Струга“, вели Жилеска.
Караванот со пакетчиња за децата со посебни потреби од Скопје тргна на 14-ти декември 2012. Украсениот новогодишен камион со пакетчиња и Дедо Мраз низ Македонија патува со пораката дека секое дете треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници. Караванот на „Тинекс“ ќе посети 25 институции како дневни центри, здруженија, училишта, заводи за рехабилитација и здравствени установи за грижа и згрижување на деца кои имаат посебни потреби во 11 градови во Македонија. Тој ќе мине низ Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Неготино, Кавадарци, Струга, Охрид, Прилеп, Битола и Скопје. Меѓу институциите кои ќе ги посети се и: Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух во Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ во Прилеп, Здружението „Златен Сремец“ во Скопје, неколку основни училишта и дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово и други.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град