Тежок престап

Нафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ  за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело.

 |  Билјана Николовска  | 
mrsna damka
мрсна дамка

kolektorНафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ  за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело.

Се потврди информацијата дека масната дамка во водите на езерото потекнува од нафтени деривати. Имено, како што ТВМ информира, надлежните екипи на МЈП „Проаква“, Општинскиот и Државниот инспекторат, од вчера постојано се на терен на кејот од езерото каде што е регистрирана оваа појава.
Тие се единствени во ставот дека се работи за тежок престап, кривично дело, за кое виновникот ќе добие соодветна пријава согласно законот.

Првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски, вели „максимално се преземаат сите потребни превентивни мерки за да се констатира кој е причинителот на оваа катастрофа“. Тој додава дека состојбата е алармантна и екипите на ова претпријатие со цистерни  ја собираат прелеаната нафта за да се спаси она што се може.

damkaДржавниот инспектор за животна средина на територија на Охрид, Игор Трајкоски, се наоѓа на службен пат во странство. Во негова замена пристигна неговиот колега од Битола, Зоран Димовски. Тој транспарентно застана пред камерата на ТВМ очигледно добро упатен за проблемот со излеаната нафта во водите на езерото. Тој им појасна на охриѓани за постапките кои интензивно се преземаат од нивна страна. Димовски рече „од досегашните проверки во 3 шахти забележано е присуство на нафтени деривати и мора да се испитаат и останатите шахти кои се поврзани на потегот од ул. Јане Сандански до Езерото“.
Со точност сеуште не може да се утврди колкава е количината на нафта што е излеана во езерото. Според очевидци ваква појава имало и во водата на езерото кај плажата пред Синдикални.

Раководителот на општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски, вели „дополнително треба да се испитува, дали нафтената дамка од кејот на езерото во централното градско подрачје е со исто потекло со таа од синдикални“. Тој потенцира дека до овој момент, со точност, ништо не е утврдено околу состојбата со нафтената дамка.

Она што со сигурност се знае, е кој води се вливаат во шахтите на ул Јане Сандански. Не е исклучена можноста дека нафтената дамка што ја загрижи целокупната јавност е излеана од некоја од бензиските пумпи во непосредна близина, велат инспекциските служби. Додека се чека официјалниот извештај од надлежните поднесена е пријава до непознат сторител. Во моментов се чистат нафтените остатоци на песокот и бекатонот на кејот, за што дополнително е вклучено  и ЈП „Охридски Комуналец“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top