Тетово и Битола утрово со најзагаден воздух, за Охрид релевантни податоци сеуште нема

Продолжува високото ниво на загаденост низ поголемиот број градови во земјава кои истовремено се и едни од градовите со најзагаден воздух во Европа.

 |   | 

Продолжува високото ниво на загаденост низ поголемиот број градови во земјава кои истовремено се и едни од градовите со најзагаден воздух во Европа.

Последните релевантни информации од Министерството за животна средина и просторно планирање делат дека утрово најзагадени градови во земјава се Тетово (ПМ 25 – 116 г/м3) и Битола (ПМ 25 – 110 г/м3). Но за нашата општина, официјални податоци за нивото на загаденост од релевантните институции за обемот на присуство на штетните ПМ 10 честички, но и за нивото на другите штетни материи во воздухот, сеуште нема. Охрид како општина воопшто и не е наведен на порталот за мерење на квалитетот на воздух при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Охриѓани очекуваат дека ваквата состојба ќе се смени бидејќи неодамна Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на ЕУ INTERREG Balkanmed Проектот AIRTHINGS „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ на 11 различни локлации на јавни институции постави сенозри за следење на еколошки параметри, како и 15 филтри на оџаците на домаќинства во населбите кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

Проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“ ги користи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови (Во Македонија Охрид-пилот град), следење на квалитетот на воздухот, “облак” базиран на “Отворени податоци” систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи. Во комбинација со насоки и методологии за мониторинг на квалитетот на воздухот во градот, воспоставувањето на заедничка анализа на генерални политики за намалување на регионалните загадувачки супстанции и моделите за оценување на квалитетот на воздухот, проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top