Тешка сообраќајна незгода на патот Охрид Струга, едно лице загина

Утринава на патниот правец Охрид – Струга се случи тешка сообраќајна незгода. Во неа животот го загуби 39 годишен охриѓанец.

 |  Николоска Биљана  | 

Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода која изутрина нешто после 6 часот се случи на патниот правец Охрид – Струга во близина на бензиската пумпа „Бесијани“. Ова е втора страотна несреќа за нецела недела со трагичен крај во која згасна уште еден млад живот.

Несреќата се случила кога автомобил „пежо“кој што го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возилото марка „Хјундаи“

Возачот на Пежото, 39 годишен жител на Оровник, им подлегна на здобиените повреди.
Неофицијално, во сообраќајната незгода две лица кои биле во возилото Хјундаи се здобиле со лесни телесни повреди. На местото на несреќата полицијата и јавен обвинител извршиле увид. За време на увидот сообраќајот утринава се одвиваше отежнато, со пропуштање на возилата по една коловозна лента.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top