Тешка сообраќајна несреќа во Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид.

svrСообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска екипа на брза помош која ја констатирала смртта на пешакот.  

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и овластено судско вешто лице за сообраќај. За време на увидот од 18 часот до 21 часот, сообраќајот се одвиваше со пренасочување на возилата кон околните улици.

По наредба на јавниот обвинител, починатиот пешак е пренесен во Општа болница Охрид каде во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција. Полициските службеници со потврда го одзедоа патничкото моторно возило за понатамошно вештачење а од возачот Г.Ј. (40) од Охрид земени се примероци од крв и урина за анализа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top