Тешка сообраќајна несреќа кај Годивје

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје.

svrОд здобиените повреди, на лице место починал Лазо Н. (43) од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба.

За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. По овластување на јавниот обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место.

По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.
За време на увидот, што траеше до 20 часот, патниот правец не беше запрен за сообраќај.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top