Tермин за одржување на прва седница на советот сеуште нема

Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин.

sovetСтефаноски, кажа дека денес бил закажан  состанок од страна на советникот на грдаоначалникот на кој ќе се формираа  Комисиите, а очекувал да се утврди и датум за седницата. Но, тој  непријатно се изненадил затоа што состанокот не се одржал. Стефаноски смета  дека на овој начин намерно се одолговлекува датумот за одржување на седницата.

Од друга страна, советникот на градоначалникот Владо Чингоски вели дека неодамнешниот телефонски разговор со Стефаноски во врска соденешниот состанок бил неформален. Во  разговорот со Стефансоки било спомнато да се поканат и  останатите  носители на листите за да се  договорат местата во Комисиите и нивната поделба, како и изготвување на решенија во функција на одржување на првата седница. Не станува збор за никакво одолговлекување истакнува  Чингоски туку неможност да се исконсултираат сите носители на советничките листи и затоа до денешната средба не дошло.

Чингоски вели дека доколку се согласат сите носители на листи состанокот би се одржал најдоцна  до 3 јуни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top