На терен се повеќе неквалитетни водичи со очајно познавање на странски јазик

Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет.

 |  Валентина Нелоска  | 
vodici
водичи

Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за завршен курс, без претходна проверка за нивото на познавање на странскиот јазик. Така се случува на терен да се сретнат лица кои  лошо зборуваат Руски, Холандски, Грчки,  па дури и Англсики јазик. Бројот на лиценцирани туристички водичи рапидно расте од година во година, па сега нивниот број во Охрид е сто. Искусните и професионални туристички водичи не сакаат јавно да зборуваат за состојбите и  проблемите.

Дел од туристичките водичи креваат раце од справувањето со хаосот во нивната бранша. Велат дека се разочарани од досегашните очекувања да се стави ред во оваа област.

vodiciСе прекршува Законот за туристички водичи, со кој не е дозволено  сопствениците на туристички агенции да ja вршат оваа дејност, но  тоа во пракса го има, објаснуваат професионалните водичи. Друга ситуација е и тоа што иако водичите барале измени на законските одредби, засега ништо нема на повидок од тоа. Нивната позиција останува и натаму загрозена и покрај тоа што водичите  имаат формирано и неколку здруженија за заштита на нивните права, но при тоа поаѓајќи секој од својот личен интерес истакнуваат дел од туристичките водичи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top