Тендер вреден колку „влакно од опашката на лавот“

Јавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката на лавот.

 |  Крсте Голабовски  | 
press
прес

pressЈавната набавка на touch-screen информативните пултови од страна на Локалната, вреди колку влакно од опашката од лавот, со овие зборови Градоначалникот Александар Петрески ја објасни вредноста на оваа инвестиција. Петрески додаде дека оваа јавна набавка претставува само една од мерките со кои локалната ќе се обиде да стави крај на појавата на диви агенции и дивите чекачи. Тој отфрли негова поврзаност или на некој негов близок, било роднинска или бизнис со економските оператори вклучени во тендерската постапка. Истотака вети максимална транспарентност и евалуација на тендерската документација после завршувањето на постапката.  

pressРаководителот на секторот за туризам и локален економски развој Гоце Симоноски, кажа дека според тендерот треба да се набават вкупно десет информативни пултови, но колку ќе бидат набавени зависи од условите на плаќање кои ќе ги понудат економските оператори.Сега за сега сигурно е поставувањето на два. Симоноски потенцира дека што се однесува до безбедноста на овие информативни пултови, за нивната грижа се обврзани повторно економските оператори или понудувачите.

Што се однесува до прашањата за тоа колку чини набавката на овие информативни пултови, колку изнесува разликата во понудената цена на првиот и вториот понудувач, од локалната информираа дека тендерот е во фаза на евалуација и не смее да се даваат податоци, но уверуваат дека ќе победи понудувачот со најповолна понуда. Инаку тендерот е согласно програмата Г2 за поттикнување на развој на туризмот на општина Охрид за 2010 година  и стратегијата за одржлив развој на туризмот, како стратешка цел за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна промоција и презентација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top