Температурите се високи, но барем има каде да се ладите

Високите температури ги алармираа Центарот за јавно здравје и Брзата помош. Засега, итни случаи, како последица на високите температури немало, но состојбата постојано се следи. Покрај редовните предупредувања за високи температури, од Центарот испратиле и допис до јавните претпријатија “Проаква“ и „Нискоградба“ да ги стават во функција сите јавни чешми и фонтани, како би им овозможиле на граѓаните полесно да се разладуваат.

 |  Мишел Наумоски  | 
toplo vreme
топло време

Врнежливиот почеток на летово веројатно причина за потешката адаптација на моменталните високи температури. За многу кратко време се случија големи температурни промени кои негативно влијаеа посебно врз лицата со хронични заболувања. Од Центарот за јавно здравје во Охрид не информираа дека засега некои итни случаи како последица на високите температури немало, но ситуацијата постојано се следи. Покрај редовните препораки кои ги даваат лекарите во вакви ситуации, од Центарот за јавно здравје презеле уште една мерка во насока на заштита на здравјето на граѓаните.

„Пуштен е допис до јавните претпријатија, Проаква и Нискоградба-Охрид да ги активираат уличните чешми и фонтани и тие да бидат во функција пред се за време на топлотните бранови. На терен досега не е пронајдена чешма или фонтана која не функционира.“-реч Д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска-Координатор за топлотни бранови

proakvaНадлежните од МЈП Проаква ни ја потврдија оваа информација. Тие велат дека отстапување може да се случи единствено доколку има дефект на некоја од снабдителните линии, но тоа е само инцидентно.

Центарот за јавно здравје во Охрид има и свој посебен акционен план во ситуации на високи температури.

„Согласно здравствениот акционен план за превенирање на последиците од топлотните бранови, центрите за здравје во Република Македонија 24 и 48 часа пред појавата на топлотните бранови добиваат порака во електронска форма. Веднаш по добивањето на пораката, се воспоставува директна комуникација со подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи и се составува соопштение до сите локални медиуми. Целта на ова е да се информира локалното население околу влијанието на топлотните бранови врз здравјето на луѓето, и кои мерки треба да се преземат.“-додаде Д-р Стурлакова

И натаму остануваат стандардните препораки и предупредувања за овој период. Потребно е да се избегнува излегување на сонце во периодот од 10 часот наутро до 17 часот попладне, да се пијат многу течности, пред се обична вода, умерено да се конзумира храна, да се избегнува напорна физичка активност и посебно да се избегнува мрсна храна и алкохолни пијалоци. Во моментов важи констатацијата дека барем досега, Охриѓани се послушни граѓани и ги следат советите на лекарите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top