Со ова ќе биде решен еден долгогодишен урбанистички проблем на жителите од оваа населба.
Децата од населбата „Гоце Делчев“, конечно ќе го добијат своето катче за спорт и игра. Генерации од нив израснаа играјќи на улица, секојденвно стравувајќи од автомобилите. Велат, дека не можат да дочекаат да го добијат својот долгоочекуван спортски терен.
Советникот за улици, Зоран Шикалески објаснува дека овој нивен зафат се гради според постоечкиот Урбнистички план, донесен уште во 1991 година и согласно програмата донесена од страна на Советот на општина Охрид.
„На тој дел ќе се изградат две игралишта, едно детско игралиште, со детски реквизити, нишалки, лизгалки и друго и едно игралиште за баскет со еден кош. Двете се оддалечени едно десетина метри и ќе бидат поврзани со пешачка патека“, вели Шикалески.
И жителите на населбата задоволни што конечно ќе биде решен проблемот со недостаток на игралишта за децата. Сепак тие со подвоени мислења околу изборот на локацијата. Се прашуваат дали било неопходно да се исечат десеттина повеќедецениски стебла бор? Шикалески објаснува дека биле исечени најмал можен број стебла, поточно оние кои биле оштетени и искривени и потенцира дека повеќе нема да има сечење на дрва во тој дел.
Исто така, од Локалната најавуваат дека во внатрешноста на шумичката на самиот влез на населбата, без да се адаптира теренот, планирано е да се изградат пешачки патеки со клупи за седење, а тој простор исто така ќе биде и соодветно осветлен.Доколку дозволат временските прилики овој зафат би требало да заврши за четириесетина дена, објаснува Шикалески.
Следно вакво игралиште за брзо време ќе се гради и на пешаката патека накај Горица прва и по некои урбани населби, поточно онаму каде се расчистени имотно правните односи, најавуваат од Локалната.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град