Денеска театрите ширум светот го одбележуваат светскиот ден на театарот.
Охридскиот театар еден од многуте кои се приклучија кон стотиците националните театарски институти во одбележувањето на меѓународниот ден на театарот. „Големо е задоволството што годинава и Охридскиот театар се приклучи кон, стотина земји и нивните национални театарски институти, поточно кон ова големо семејство“, вели директорот на охридскиот театар Горан Стојаноски.
„Светскиот ден меѓународен се прославува со тоа што еден врвен режисер, актер, драматург пишува една порака и се чита во исто време низ сите театри низ светот. Оваа година тоа е режисерот актер, драматург нобеловецот Дарио Фо и вечер во 20.00 часот во центарот за култура овој ден прво ќе го обележиме со театарска претстава со претставата „Ај да си речиме уште една“. Во 21.30 има една мала свеченост на која ќе се прочита таа порака а потоа следува свеченоста“, истакна Горан Стојаноски, директор на Охридскиот театар.
Секој театар настанот си го одбележува на свој начин, но главно е дека во секоја од овие институции се чита светската порака. Порака се чита и за Македонија, а истата ја пренесува еминентен уметник. Годинава тоа е професорката и актерка Мими Таневска.
Стојаноски открива дека редовниот репертоар на охридскиот театар продолжува во петок и сабота со претставаа „Малограѓанска свадба“.
„Овој период интензивно се работи на проектот „Отворено море“ од Славомир Рожек дел од трилогијата која ја започнавме минатата година во средината очекуваме да запонеме со „Сонот на летната ноќ“ во режија на Иво Лео Лем од Хрватска што претстевава еден почеток на соработка со Хрватска и во септември очекуваме да започнеме со текст на Максим Горки „на Дното“ во режија на Дејан Пројковски“, истакна Стојаноски.
Директорот на Охридски театар, вели дека Охридскиот театар добил уште четири нови актери, со што целосната екипа во моментов е 10 луѓе. Според Стојански оваа бројка е доволна во однос на човечки ресурси за ваков период на брзо создавање на тетарот и брзо градење на човековите капацитети, но многу е важно да почнат да се градат и технчките капацитети. Кога тие би биле на повисоко ниво и на поздрава основа, тогаш репертоарот ќе се збогатува во секој случај.
Желба на првиот човек на Охридскиот театар е Охрид ќе добие своја куќа, поточно театарот ќе добие свој нов објект.
Светскиот ден на театарот се одбележува 1962 година. Секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот, при УНЕСКО. Таа се преведува на повеќе од 20 јазици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град