Забаено или забораено

Што се случува со охридскиот театар. И покрај најавите дека охриѓани пролетва ќе имаат можност да гледаат неколку нови премиери, веќе една година театарот нема поставено ниту една нова претстава. Надлежните молчат и не коментираат за овој проблем, а градоначалникот и охридските пратениците најавуваат изградба на нов театар.

 |  Јаковлева Лионела  | 
сон на летната ноќ
son na letnata nok

Охриѓани желни за театарска претстава. Показател за тоа е и преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ на трите претстави  „Отело“, „Многу врева за ништо„ и „Аферата Елсинор“ кои се одржаа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. За жал, граѓаните претстава можат да видат само благодарение на овој фестивал бидејќи охридскиот театар кој постои веќе три години, една година нема поставено претстава на штиците што живот значат. Од охридскиот театар даваа разно разни објаснувања зошто не се изведуваат претставите и ветија дека на публиката ќе и се оддолжат со повеќе премиери.son na letnata nok Раководителот на одделението за театар Горан Стојаноски кон крајот на март најави две премиери:  на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на прилепчанецот Кирил Петрески,  и премиерата на „Медена ноќ“ од режисерот Иво Трајков која требаше  да ја изведат на Охридско лето, но ништо од тоа. Тогаш Стојановски рече:

Јас искрено се надевам дека таа преtстава ќе почниме да ја подготвуваме во мај и јуни ќе ја завршиме . Се надевам дека селекторите на фестивалот ќе ја видат и ќе им се допадне и ќе им влезе во нивниот концепт, а ние уште еднаш ќе бидиме дел од фестивалот Охридско лето, рече Стојаноски.

До ден денес ништо од тогашната амбициозна изјава на Стојановски. Што се случува со охридскиот театар и зошто не се подготвуваат премиерите никој не кажува. Ова прашање му го поставивме и на Градоначалникот Никола Бакрачески, но не добивме конкретен одговор. престава

Мора да бидам искрен дека на градот и на граѓаните им недостасуваат театар и престави. Ние имаме одлична екипа на актери и се надевам дека со изградбата на нов театар ќе имаме поголеми резултати во тој дел, рече Бакрачески.

Пратеникот Александар Николовски кој години наназад се залагаше за Охрид да добие свој професионален театар рече дека не ја знае причината зошто веќе една година нема ниту една престава одиграна од охридските актери.

Јас не сакам да се мешам во организационите работи на една институција. Мојата работа завршува во оној момент условно кажано кога ќе се роди детето, а понатаму оставам да ја менаџираат работата оние кои  се одговорни  за тоа. Јас и публиката сакаме да гледаме нови престави  и се надевам дека за брзо време ќе одам на нова премиера, рече Николовски.akterka

И од одговорните молк. Портпаролот на министерството за култура веќе една недела е недостапен за информација врзана за охридскиот театар.
Дали решението е во изградбата на новиот театар кој го најавија и градоначалникот Бакрачески и пратеникот Николовски. Бакрачески рече дека проектот за проширување на Центарот за култура каде ќе биде сместен театарот и останатите културни институции веќе е одобрен од Министреството за култура и дека на крајот на оваа година ќе започнат подготвителните работи за најдобро идејно решение, а во наредните две години ќе започнат и градежните зафати.
По се изгледа охриѓани уште две три години ќе почекаат да се одигра претстава од охридските актери бидејќи најверојатно ентузијазмот ги напушти па чекаат подобри времиња за да почнат да глумат. Дотогаш треба само да се сеќаваме дека во градов имаме професионален театар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top