Уште една во редот тажни животни стории. Самохраната мајка, Тодорка Илоска својот 10 годишен син го расте со 1700 ден. социјална помош.
Тодорка Илоска, на возраст од 41год. со својата животна сторија, е уште еден пример за суровата страна на живеењето.
„Како дете израснав само со мајка ми, бидејќи моите родители беа разведени, ја започнува таа својата приказна. Изгорена од тоа лошо искуство, најмалку посакував на моето дете да му се повтори истата судбина. Меѓутоа животот и судбината не одат според нашите желби“, вели таа.
Текот на нештата допринесоа, таткото на моето дете никогаш да не го признае како свое. Долгогодишната судска постапка се заврши на моја штета, поради тоа што немав пари да платам приватна ДНК анализа, за да го докажам татковството. Само јас знам, низ солзи раскажува Тодорка, како ми минува денот, со што се соочувам секојдневно и дали воопшто некој се обидел да ми помогне“.
„Буквално преживувам, продолжува Тодорка, со еднократната социјална помош од 1700ден. Освен тие пари немам никакви други примања, така да секој ден живеам во страв од тоа која наредна служба ќе ми тропне на врата за да ми ускрати од своите услуги. Јас буквално има денови кога немам пари ни леб да купам“, вели таа.
„Постојано тропам на вратите на сите институции за да ми одобрат каква било помош. Најмогу ме боли што Градоначалникот Петрески досега не најде ни пет мин. слободно време, барем да ме сослуша, а вети дека постојано ќе им излегува во пресрет на самохраните мајки“, вели Тодорка.
ТВМ Телевизија стапи во контакт и со Центарот за социјални грижи, кaде се добро запознаени со случајот на Тодорка. Директорот на ова служба Екрем Каљоши, ни посочи на правалникот според кој работат, односно по кој принцип се доделува паричната помош.
„Според бројот на членовите во семејството, и периодот во кој се користи паричната помош, зависи и висината на надоместокот“, вели тој.
„Помошта која ја користи Тодорка е максимално дозволена од страна на Министерството за труд и социјала. Правиме се што е во наша можност, на Тодорка да и помогнеме повеќе, меѓутоа и нам ингеренциите ни се ограничени“, заклучува Каљоши.
Времето минува, меѓутоа Тодорка живее заплеткана во лавиринтот на институциите. Постојано талка од врата до врата барајќи работа, меѓутоа резултат нема од никаде. Кога конечно некој ќе и подаде рака, останува да видиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град