Танцување на растојание, мерење температура: Објавен протолокот за свадби

Пред гостите да влезат во локалот каде што треба да се одржува свадбената прослава, задолжително ќе треба да ги дезинфицираат рацете и на секој гостин ќе му биде измерена температура. Гостите нема да може да се ракуваат и гушкаат со младоженците или со гостите на забавата. Од Владата денеска потврдија дека жива музика ќе има само на свадбените прослави, но под услов бендот да е поставен на најмалку пет метри оддалеченост од масите со гости.

 |   | 

Од денеска можат да се организираат свадби, а на влезот задолжително е мерење на температура на гостите. Оние кои ќе имаат повисока температура од 37,5 степени ќе бидат вратени.

Организаторот на свадбата, ќе мора да ги контролира гостите дали ќе се гушкаат, а доколку тоа се случи, да ги опомене и да им забрани. Истото правило важи дури и за ракување. Според протоколот за организирање на свадби, ваквите прослави може да се организираат само на отворен простор. Ако некој сака да танцува, тоа е дозволено ако во негова близина нема никој во радиус од два метра. Протоколот се донесува по осум месеци откако се забранија организирањата на свадби.

– Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби. Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата. Во случај на доаѓање на лица не евидентирани на листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости – стои во протоколот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top