Танасоски: Самоволие во управувањето и раководењето со охридкста градинка

Охридските социјал демократи на денешната прес конференција на тапет ја ставија Детската градинка „Јасна Ристеска“. Од таму со низа обвинувања за работењето на оваа установа, како што е реконструкцијата на објектот, плаќањето на партиципација однапред и литературата за децата која што им се наметнува како задолжителна, а според СДСМ билo спротивнo на Законот за детска заштита.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Самоволието во управувањето и раководењето со Детската градинка „Јасна Ристеска“ е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција која се одржа пред централниот објект на оваа Установа. Ѓоко Танасоски од СДСМ истакна дека четири години по ред укажувале на неправилностите и несериозноста во раководењето со градинката.

„Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај а која што пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште не е завршена. Со месеци децата од оваа градинка се преместувани во други објекти и згрижувани во групи со голем број деца, несоодветно на пропишаните стандарди. Од друга страна пак, партиципација се наплаќа еден месец одапред а воспитувачките се приморани да не ги примаат децата до исплаќање на обврските“.

Танасоски обвинува дека директорката на оваа установа која е кадар на ВМРО – ДПМНЕ на родителите им наметнувала дополнителни трошоци за литература, што пак според него е спротивно на Законот за детска заштита.

„Оваа задолжителна литература којашто им се наметнува на децата е во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК. Директорката, како и членови на нејзиното семејство работат како автори, коавтори, рецензенти за оваа издавачка куќа. Додека Никола Груевски како и секогаш пред избори, безобразно лаже за градинките, досегашниот молк на институциите за овие неправилности покажува сериозен недостаток на совест и грижа за најмладите“.

Од ОО на СДСМ Охрид предупредуваат дека по промената на власта на 11 Декември ќе биде направена целосна ревизија на работењето на градинката и секој кој што го прекршил законот ќе одговара.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top