Талентираните музичари од ОМУ „Методи Патче“ повторно дел од концертот на 100 млади

Во годината на големиот јубилеј 50 години од постоењето Основното музичко училиште „Методи Патче“ со уште еден успех.

 |  Голабовски Крсте  | 
orkestar
оркестар

orkestarВо годината на големиот јубилеј 50 години од постоењето Основното музичко училиште „Методи Патче“ со уште еден успех.

Минатата недела учениците од ова училиште – виолинистите: Даниел Мојсоски и Александар Грунчески од класата на професор Елица Џуклеска и виолинстот Бајрам Рамаданоски од класата на професор Мухамед Бајрам учествуваа на два концерти во Блед и Љубљана, во рамките на проектот „Концерт на 100 млади“ .

„Задоволни сме од она што го видовме и најмногу од придонесот на тројцата наши млади виолинисти, “вели директорката на училиштето м-р Нина Момировска, таа потенцира дека овие средби се од големо значење за младите музучари, но и за рејтингот на охридското училиште кое последниве години интензивно комуницира со светот – преку универзалниот јазик на музиката.

Салата беше претесна за сите кои сакаа да го видат „Оркестарот од 100 млади“ кој годинава беше составен од млади музичари од : Италија, Словенија, Србија и Македонија. За жал многу останаа надвор од салата.

плакатПроектот пред пет години го покренаа Рита д’ Арензо и Гордан Ранчиќ од „Гала Евенти“ и ги здружува младите музичари од различни земји. На почетокот во оркестарот членувале музичари од музички училишта од Италија и Србија, во 2012 година им се придружил Музичкиот центар „До-ре – ми “ од Блед , во 2013  Музичкото училиште од Десензан и  конечно оваа година Музичките училишта „Јосип Славенски“ од Белград и „Методи Патче“ од Охрид, пишуваат медиумите во Словенија по концертите во Блед и ден пред тоа во Љубљана во концертната сала на  Словенечката филхармонија.  

Концертот беше поделен на два дела. Во првиот младите музичари изведоа композиции од класичната музика , а во вториот дел, познати музички теми од филмовите , како и дела од современи автори.

Да потсетиме, во август во рамките на проектот „Концерт на 100 млади “ кој Општина Охрид го реализира со партнери од неколку европски држави а во кој се вклучени ученици од ОМУ „Методи Патче“ тие настапија во Белград и Нови Сад – Србија. Според кординаторот на проектот Антонио Балевски идејата за  овој благороден проект паднала на едно од заседанијата на Асоцијацијата на градови со езера каде што Охрид членува од неодамна. Општина Охрид и ОМУ „Методи Патче“ заеднички се подготвуваат проектот да го продолжат ви следните две години.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top