Талентирани деца има и во Охрид

Во Општинското  Основно училиште „Братство единство“ работи тим на просветни и стручни лица кој го детектира и насочува ова наше големо богатство.

 |  Голабовски Крсте  | 
kalendar
календар

Десарт, Дјелза и Деа Елмази се три исклучително талентирани второоделенци, чиј што најголеми интереси се музиката, ликовната уметност и математиката. Сите тројца литературно говорат и три јазици. Своите големи интелектуални способности несебично ги користат за да им помогнат на своите другарчиња од училишните клупи.

decaНивната мајка Шпреса Скоро Елмази, вели дека нејзините деца се надполнуваат меѓу себе кога станува збор за нивните таленти, но одговорноста  да се биде родител, да им се помага на три волку талентирани деца е огормна.

„ Тие сами навистина и повеќе од мене се залагаат, но сепак имаат потреба од дополнителна помош и многу им се посветуавм. А задоволството не можам тоа да го опишам, преголемо е, немам зборови немам речник“ вели мајката Шпреса.

Со овие и уште неколку други исклучително талентирани дечиња, во ООУ „Братство единство“ работи тим составен, од наставници,психолог и дефектолог. Наставникот Семра Аџи, вели дека станува збор за група деца на кои им е потребно посебно внимание.

„ Заради тоа ние тука оформивме, група и програма кои работиме со овие деца, ги идентификуваме кои се тие деца и ги унапредуваме. Треба да знаеме дека овие деца се наша иднина“, објаснува Аџи.

decaСтојна Танос  психологот која е дел од тимот, вели дека нивна задача е да им се помогне на овие десетина деца со повисоки интелектуални способности, заедно со нивните наставници по природни и по општествени науки да се насочат кон она во што се најдобри и она кое ги прави најсреќни. Неретко овие деца може и да скокнат за една учебна година понапред.

„Во училиштето доколку се посебно надарени, можат по предлог на наставникот, во сорабтока со педагошко-психолошката служба, да прескокнат едно оделение погоре.Сме имале две дечиња, едно во албанска, едно во турските паралелки, во македонски паралелки во претходните години“ потенцира Танос.

Но можностите на основните училишта, покрај ваквата работилница и испраќањето на овие деца на натпревари, остануваат нивен единствен стимул и начин на екстра работа. Ваквите деца исто така во нивното катче работат и заедно со децата кои имаат потешкотии во учењето, а резултат на тоа се голем број креации.

„Ова е производ на заедничикиот проект на андарените ученици и учениците со посебни потреби, кој го спроведовме пред Нова година, односно изработен е календар кој содржи слики од овие ученици“, се фали Илоска.

Факт е дека во светот пристапот кон децата со повисоки интелектуални способности е крајно сериозен. Во одредени држави, постојат дури и специјализирани институти кои се занимаваат со т.н жнеење на талентите и способностите кои ваквите деца ги поседуваат,а средствата кои се издвојуваат за нивно задржување во домицилната земја се огромни.Затоа беспредметно е да се дебатира дека потребни се дополнителни средства и стимул од сите институции како на локално така и на државно ниво, за утре да не кукаме дека најкавалитетното полека ама сигурно си оди од нашата земја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top