Паднаа првите санкции за нелиценцираните такси превозници. Одземени се седум возила при извршена контрола на подрачјето на општина Охрид.
Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски ја потврдија оваа информација .
Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници како и за изрекување на дополнителни парични глоби. Додаде дека оваа мерка е времена и е во траење од 6 до 12 месеци. Танасоски потенцира дека сите превозници на територијата на општина Охрид се запознати со новите измени на законот за патен сообраќај и од страна на овластениот инспектор Митко Талески им било укажано дека треба да се адаптираат на нив. Исто така во периодот што следи Танасоски најави секојдневни контроли, заради отстранување на недостатоците во сообраќајот. Во Охрид има 300 лиценцирани такси превозници кои се обоени сино бело, согласно одлуката за вршење на такси превоз изгласана од страна на Советот на општината уште во 2006 год и истите се фискализирани. Танасоски е убеден дека во Охрид нема нелиценциран авто такси превозник. Инаку 4 годишната лиценца која задолжително треба да ја имаат такси превозниците за вршење на патни услуги изнесува 40 000 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град