Ново лето, стари проблеми

Никако да се надминат  старите проблеми со такси превозот во градов. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка, љубезноста како и услугата не се на завидно ниво, се жалат патниците. Од Локалната велат дека се што е во нивна надлежност ажурно го работат и апелираат граѓаните што почесто да се јавиват на броевите за поплаки доколку имаат некаков проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 
taksi
такси

И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат  старите проблеми. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат  ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.
Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. такси

Знаеме за полаките дека на одредени кратки линии таксистите не возат. Веројатно размислуваат дека поисплатливо им е да возат на подолги релации како би имале поголем профит. Меѓутоа тука како Локална не можеме многу да сториме освен да апелираме до такси превозниците да ги третираат сите корисници на услуги еднакво, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

taksiЏамтоски објаснува дека се што е во нивна надлежност ажурно го работат. Инспекторот по сообраќај постојано е на терен  па во изминатите три месеци се извршени контроли на 190 такси возила. При тоа е констатирано дека најголем дел на прекршоците се направени поради возење со исклучен таксиметар, наплаќање такси услуга по цена на чинење на автобуска карта, како и вршење претовар на патници. По извршените контроли направени се 23 записници, издадени се 9 заклучоци и исто толку решенија. Сите прекршители на Законот за сообраќај ќе бидат санкционирани, вели Џамтоски.
Портпаролот потсетува дека минатата година со цел да се стави ред во такси превозот Локалната на почеток на сезоната презеде акција со која беше наложено во секое такси возило да се постават ценовници и лиценци за возење, како и правилник, односно кодекс на однесување. Направени беа и унифицирани налепници кои задолжително треба да стојат во секое такси возило и тоа на видно место со број на кој што можат да се пријават неправилностите.

-Сите оние граѓани кои ќе имаат одредени поплаки и се незадоволни од услугите кои им ги даваат такси превозниците тоа можат да го направат на оној број кој е истакнат на налепницата во секое време од денот, со наведување на такси компанијата и регистарскиот број од возилото, по што од страна на надлежните во локална самоуправа ќе следува преземање на соодветни санкции, вели Џамтоски.

Тоа се  броевите 198- УЈП и 192 – Полиција, но Џамтоски објаснува дека досега ниту еден граѓанин не ги свртел овие броеви за да се пожали на такси превозниците. Тој смета дека тоа се должи на слабата информираност за тоа каде и како граѓаните можат да си ги побараат своите права и апелира почесто да ги вртат овие броеви доколку сакаат навремено да се реши нивниот проблем, а прекршителите соодветно да се санкционираат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top