Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Пред Водици ќе биде промовиран документарецот за кој инсертите се снимаа при пренуркувањето на Охридското езеро од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Привршува монатажата на документарецот за кој инсертите се снимени при пренуркувањето на езерото од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. Тој пред четири години заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија ја реализира оваа несекојдневна мисија и пренурка 84 километри од Албанска и Македонска страна на езерото. Направи голем број подводни фотографии, како и снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност. Снимени се толку материјали што можат да се направат неколку документарци.

Ние планираме некаде околу 30 минути да трае документарецот. Веќе снимките ги имаме подредено како ќе бидат па се надеваме дека пред Водици ќе го презентираме пред јавноста, вели Секулоски.

Секулоски кажува дека подвигот го започнале педесеттина нуркачи, но како деновите одминувале нивниот број се намалувал за потоа најчесто да нурка сам или во придружба со уште еден. Три месеци секојдневно во секакви услови и на многу ниска температура, на длабочина од 5 до 15 метри бил под вода и тоа по два три часа.
Изјава

Документиравме доста места. Праисториски населби, извори кај манастирот Калишта, потонати бротчиња во Струга, паднат авион во албанскиот дел, посебни конфигурации на дно, колонии на ракчиња, вели Секулоски.

По промоцијата на документарецот планирано е да се постави и изложба на подводни фотографии со кои ќе се откријат многу тајни што ги крие езерото.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top