Нацрт-деталните урбанистички планови кои се однесуваа строгиот центар на Охрид, поточно опфатите „Табана“ и „Кеј“ повлечени од денешната седница.
Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување. И покрај тоа што со донесувањето на овие НДУП-ови тие ќе бидат дури и оштетени, бараат конечно да им биде овозможено со Устав загарантираното право на сопственост на нивно наследство и можност за градење на истото.
Владо Дурацовски, еден од сопствениците, вели дека единствено бараат да можат на сопственото земјиште, кое е наследство од дедо-прадедо, да градат.
30-тина семејства, сопственици на дел од ова земјиште, и досега имале можност за градба, според важечкиот ДУП за ова место донесен во 1996 година, но како што самите велат, не го оствариле досега своето право по сугестија на претставници од Локалната самоуправа. Сугестијата била да се почека новиот НДУП во кој ќе има и согласност од страна на „Управата за заштита на културно наследство“. Инаку, важечкиот ДУП е донесен во време кога за негова изработка не била потребна експертизата на „Управата за заштита на културно наследство“ .
Предлагачот на овие две точки, градоначалникот Александар Петрески, со објаснување за неговиот потег. Тој кажа дека не станува збор за попуштање пред хајката која против него се води од страна на ВМРО-ДПНЕ по ова прашање деновиве, туку едноставно, причина за ваквата негова одлука е потребата од дополнителна стручна дискусија и законската постапка која треба да се проследи пред донесувањето на овие две предлог одлуки.
Петрески додаде дека со оваа проблематика треба да се занимаваат лица чија експертиза е урбанизмот, а не доктори.
Градоначалникот потенцира дека станува збор само за донесување на нацрт план, после кој следува јавна анкета, на која ќе се види мислењето и сугестиите на граѓаните. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пак, со поинакво мислење. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски кажа дека не веруваат во ефикасноста на јавните анкети и сметаат дека доколку овие два предлог НДУП не подлегнат на дополнителни стручни ревизии, ќе предизвикаат сериозни нарушувања на изгледот на Охрид. Паноски додаде дека станува збор за чиста манипулација од страна на градоначалникот кој го искористил присуството на некои од сопствениците на оваа седница.
Паноски потенцира, дека иако ова е мала победа во Советот на општината, е голема победа за градот Охрид.
Од изјавите на двајцата претставници на најголемите политички блока во градов, следува дека претстојат ревизии, стручни расправи, дебати на кои ќе се искристализира што точни треба, може и смее да се гради на овие две површини во централното градско јадро, а нашата ТВ куќа со внимание ќе ги следи и ќе ја информира јавноста за истите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град