Проект на СВР -„заштита од кражби на плажите“

СВР продолжува да делува превентивно.

 |  Маленкова Татјана  | 
policija zastita od krazbi

Самиот внимавај на својот паричник!, Сами заштитете се од кражби на плажа!, Не носете вредни предмети додека сте на плажа! Не оставајте ги без надзор и необезбедени вашите работи, особено ако сте во вода! Пријавете кражба на 192… се дел од преораките на СВР, кои во писмена форма од денеска почна да ги дели по охридските плажи. Овој проект на СВР „Превнција од кражби“опфаќа широк спектар на превентивни мерки кои полициските службеници заедно црвен крст ќе ги превземаат на терен во делот на едукација на граѓаните на Охрид туристите и воопшто јавноста за потребата од подигнување  на безбедност во делот на превенирањето и сузбивањето на казнените дела.

„Во текот на летната туристичка сезона  во јули и август како полиција изминативе години бележиме благ policija zastita od krazbiпораст на овие казнени дела. Во однос на минатата година во текот на туристичката сезона јули и август 2012 год. Како сектор имаме забележано 13 кражби и едно казнео дело тешка кражба кои се случуваат по плажите и на паркинг просторите околу плажите. Токму затоа во овој момент излегуваме со оваа превентивна кампања“, вели Стефан Димовски,портпарол на СВР Охрид.

Годинава во оваа туристичка сезона во секторот за внатрешни работи во месец јули пријавени се  десетина кражби случени по плажите.  Значајно е што оваа бројка, вели портпаролот Димоски  покажува намалување на овие казнени дела, што ни дава за право да сметаме дека тоа се должи на превентивното делување на полицијата и постојаното присуство на полициските службеници. Началникот на СВР Зоран Сарафилоски открива дека СВР Охрид изминативе години ги лоцирало местата каде најчесто се вршат кражбите, поради што на овие локации има засилено полициско присуство.

policija zastita od krazbi„Благодарност до Опсе за овој прект кој финансиски го подржа со цел да намалат овие дела.  Досега СВР Охрид можам со сигурност да кажам дека покрај превентивното делување делуваме и репресивно во делот на оперативно тактички мерки со цел да ги фатиме сторителите на овие дела на подачјето на Охрид. СВР бележи одлични резултати во реализација на овие мерки, досега се фатени доста сторители кои доаѓаа од други градови“, вели Зоран Сарафилоски,началник на СВР, Охрид.

И раководител на одделот на превенција Живорад Савиќ смета дека преку овој проект ќе се зголеми свеста кај охриѓани и туристите првенствено за своја заштита на личните предмети додека се на плажа.

„ Работата на СВР Охрид преку овие промотивни матријали како дел од проектот се обидуваме да влијаме кај граѓаните, да ја подигменеме нивната јавна свест, за  нивната одговорност и лична безбедност, а од друга страна цениме дека со овие едноставни совети се многу делотворни во однос на спречување на кражби ќе придонесме овој криминал“, вели Живорад Савиќ,раководител на одделот на превенција во СВР.
Проектот на СВР „Превнција од кражби“,се реализираат преку отсекот за превенција и велосипедската полициска патрола, Црвениот крст од Охрид  низ директен контакт и разговор со  граѓаните и туристите низ градот и плажите, со давање кратки совети, давање флаери со пригодна содржина како и друг пропаганден материјал.  
Проектот „Превенција од кражби е подржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top