Завршуваат подготвителните мерки на СВР Охрид за безбедно одвивање на утрешниот голем христијански празник Водици.
СВР Охрид со последни подготвителни мерки во пресрет големиот празник Водици како би се овозможило безбедно одвивање на истиот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој воедно е и дел од координативното организационо тело за празникот, вели дека ќе се преземаат широк спектар на безбедносни мерки но карактеристични и редовни за еден ваков настан, без посебни зголемување на безбедносните мерки. Ова според него е доста важно бидејќи податоците говорат за многу малку нарушувања на јавниот ред и мир на овој ден во изминатите години, или без никакви нарушувања во последните две години. Годинешниот настан ќе се обезбедува од копно и од вода.
„Настанот ќе биде обезбедуван од редовен полициски состав на СВР Охрид и целта е да се оневозможи нарушување на јавниот ред и мир, да се елиминираат кривичните дела, но и да се обезбеди висок степен во однос на овој настан. Богојавление-Водици ќе биде обезбедуван и од вода како што споменав преку езерската полиција со патролни чамци кои што ќе имаат за задача да оневозможат пристап на други пловни објекти во централниот дел, поточно во внатрешноста на пристаништето.“-вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски уште еднаш потсети и на посебниот режим на сообраќај кој ќе важи за утрешниот ден во централното градско подрачје.
„Полициските службеници се во централното градско подрачје, поточно сообраќајот од булеварот „Македонски Просветители“ ќе биде пренасочен кон улицата „Партизанска“, централното градско подрачје кај кружниот тек ќе биде исто така затворен за сообраќај, тоа е она што го правиме секоја година, верувам дека и оваа година ќе биде во најдобар ред и оттука ги повикувам граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и едноставно да помине празникот Богојавление-Водици во најдобар ред .“-рече тој.
Инаку денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид со известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците „ Коста Абраш“, „ Цар Самоил“ и кеј „Македонија“ каде е предвидено поставување на возилата со приоритет како и шатори од Црвениот крст со неопходната опрема.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град