• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР Охрид поднесе кривична пријава против охраѓанка и вевчанка за „злоупотреба на лични податоци“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охраѓанка и вевчанка за „злоупотреба на лични податоци“

И едната и другата креирале лажни профили на некои социјални мрежи, без согласност на лица од Охрид и Вевчани.

 |   | 

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено навлегла во компјутерски систем на лични податоци на две лица од Вевчани и без нивна согласност презела и обработувала нивни семејни и други фотографии, по што ги објавила на нејзиниот лажен „Facebook“ профил и постирала коментари со недолични содржини.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против А.В.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од октомври 2018 до 12.02.2019 Пријавената на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top