Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, целокупната ориентираност на полицијата е да делува превентивно, да биде отворена кон јавноста и воедно да биде форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Портпаролот на СВР-Охрид пак, Стефан Димоски вели дека превентивната функција е новиот имиџ на полицијата и врв на полициските приоритети.
Секторот за внатрешни работи од Охрид, денес го одбележа Денот на превенцијата. Според началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски, одделенијата за превенција се значајна форма на поврзување на полицијата со граѓаните. Додава дека уште од 2008 година полицијата во Република Македонија декларирајќи се како сервис на граѓаните заедно со ОБСЕ ги формирале одделенијата за превенција со што била декларирана основната ориентираност на полицијата кон превентивно работење.
„Превентивната функција на полициското работење претставува обид на современата полиција да ги пресретне криминалните однесувања и социо-патолошките појави, и низ синтагмата „подобро да се спречи одколку да се лечи“ да ги информира,советува и насочува граѓаните кон креирање и прифаќање на безбедносна култура кај секој поединец. Превентивното полициско работење подразбира споделување на грижата и обврските со граѓаните за севкупната безбедност, намалување и спречување на криминалитетот односно на негативните општествени појави и поведенија.“-вели Началникот на СВР-Охрид, Зоран Серафилоски.
Портпаролот на СВР-Охрид, м-р Стефан Димоски вели дека превентивната функција е новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници и претставува врв на полициските приоритети.
„Гледајќи напред, настојуваме да го усовршуваме и надоградуваме, системски, плански и ефективно да го осмислуваме натамошното превентивното делување на СВР Охрид. На тој начин целосно и вистински ќе ги штитиме граѓаните, нивните права, слободи и нивната безбедност. Така ќе ја бараме целосната граѓанска доверба и почит. Честитајќи го денот на превенцијата, го најавувам подигањето на знамето на превентивното полициско работење.“-рече портпаролот на СВР-Охрид, м-р Стефан Димоски.
Инаку во своето проактивно полициско работење, СВР Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, има реализирано повеќе проектни активности во борбата за спречување и сузбивање на кривичните дела, со примена на современи, рационални и ефикасни превентивни мерки. И ние им го честитаме Денот на превенцијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град