Имено, според нашите анализи во текот на изминатите неколку месеци на овој потег случени се пет сообраќајни незгоди во кои повредени се пет пешаци од коишто најголемиот дел се со тешки телесни повреди. Всушност оваа мерка ќе значи зголемување на видливоста на пешаците кон коловозите на булеварот „Туристичка“ и со тоа практично ќе се зголеми безбедноста при нивното поминување на обележаниот пешачки премин. Со овие кугли бетонски се ослободува едно паркинг- место кое што воедно ќе значи и зголемување на видливоста на возачите на патнички и други моторни возила во делот на коловозната лента по која се движат и навремено забележување на пешаци кои ја преминуваат коловозната лента на обележан пешачки премин. Ова е резултат на анализите кои ги направи СВР Охрид во координација со локалната самоуправа.-истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вакви безбедносни бетонски кугли ќе бидат поставени на одредени локации од булевар „Туристичка“ онаму каде што ќе биде потребно по проценка на полициските служби и службите од Локалната самоуправа. Воедно порпаролот Димоски најави и зголемување на сообраќајната полиција.Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град