СВР го одбележа Светскиот ден на екологијата

Од денеска започна комплетно уредување на дворното место пред Зградата на Секторот. Акцијата се спроведува во соработка со ЈП Охридски Kомуналец. Денеска се контролираа и издувните гасови на патничките моторни возила.

 |  Татјана Маленкова  | 
Svr ekologija
СВР екологија

ureduvanje na dvor SVRСВР Охрид со низа активности го одбележа светскиот ден на екологијата. Годинава во соработка со ЈП Охридски Комуналец, се уредуваше паркот пред зградата на СВР, а пред Авто мото друштвото Васил Стефоски и Здружнието на возачи Охрид, се спроведе акција во која се контролираат патничките и товарни возила, за издувни гасови.

„ Во координирани активности станицата за безбедност во патниот сообраќај спроведува активности насочени на контрола на патничките товарни моторни возила, пред се за издувни гасови.
Поставени се два пункта во соработка со надлежните во здруженијата на возачи да вршат контрола на издувните гасови и онаму каде што ќе затекнат направилности да и упатуваат на вонреден преглед“, истакна Стефан Димовски,портпарол на СВР.

Паркот пред СВР се средува според планот за разубавување на средината кој го изготвија стручните служби на ЈП Охридски Kомуналец.

„ Сакаме да се вклопиме во благодарната идеја на Охридски Комуналец  за разубавување на  Охрид. Во оваа акција комплетно ќе се урдат и дворните места на полициските станици кои се под СВР Охрид“, истакна Димовски.

Kontrola na izduvni gasovi

„За ЈП Охридски Комуналец, секој ден е ден на екологија. Ние како ЈП се стремиме сите проблеми да ги решаваме системски“, вели Директорот на Комуналец, Сашо Алче.

„ Многу ни е мили што можеме да подржуваме кампањи. Денес учествувавме и во акцијата на Лајонс клубот Лихнидос во чистење на крајбрежието пред хотелот Милениум, а бевме дел и од акцијата на бисера кои денеска го избираат најдобриот двор“, истакна директорот Алче.

Портпаролот Димовски најави дека во моментотв СВР се подготвува да реализира проект насловен како „Еднаков пристап“, кој е насочен кон лицата со посебни потреби. Димовски најави дека со овој проект СВР се отвора кон граѓаните, а со градење на посебен пристап кон зградата, оваа инстититуција ќе стане пристапна и за лицата со посебни потреби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top