СВР наместо казни, делеше цвеќе

Цвеќе за жените учеснички во сообраќајот.

 |  Маленкова Татјана  | 
policijata delese cveka
полицијата делеше цвеќа

СВР претпладнево  запираше, но не казнуваше. Во духот на 8 ми март денот на жената, сообраќајната полиција на несекојдневен начин на припадничките на понежниот пол им припреди пријатно изненадување.

„Оваа акција навистина е за поздравување. Не само да се плашиме на улиците. Ова за мене беше прв пат да policijata delese cvekaдобијам цвеќе, бидејќи не само што работам со жените, би сакала да кажам дека навистина нејзината љубов, прегратка, топлина, добрина, истрајност и битка во секој сегмент е голем“, истакна една жена учесник во сообраќајот.

На два пункта поставени на бул. Туристичка полициските службеници ги запираа автомобилите управувани од жени и во знак на почит кон нив, како целна група – возачи во сообраќајот, им подаруваа цвеќе.

„На овој начин ќе се обидеме како полиција да делуваме и да се приближиме до оваа целна група, бидејќи според нашите податоци, околу 35 % од вкупната бројка од граѓани кои поседуваат возачка дозвола, а таа бројка е околу 40 000 се жени кои управуваат моторни возила. Жените се едни од подисциплинираните кога станува збор за почитување на сообраќајните правила и прописи и всушност жените можам да кажам дек максимално ги почитуваат правилата и прописите и се придржуваат кон нив“, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.

Димовски потенцираше дека СВР вечерва ќе има зголемено присуство на сообраќајниците во градов, поради организираното прославување на празникот. Од таму се надеваат дека нама да има  потреба од репресивно делување, но упатуваат апел не само до жените кои ќе слават туку и до другите учесници во сообраќајот да се придржуваат до правилата и прописите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top