Охридски и Српски полицaјци од денеска заедно ќе патролираат

Започнува реализацијата на договорот за полициска соработка помеѓу МВР и МУП Србија.

 |  Маленкова Татјана  | 
SVR logo
СВР лого

Српски полициски службеници заедно со нивни колеги од СВР Охрид од денеска во две смени ќе патролираат во Охрид и периферните делови, како и на крајбрежјето. Целта на оваа заедничка акција  е да се зголеми безбедноста на граѓаните и туристите кои престојуваат на охридската ривиера.

„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките партоли не е само Stefan Dimovskiзголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект. Во овој контекс полициските службеници од Србија поточно полициската управа од Белград ќе имаат низа контакти со граѓаните на Охрид, со туристите и веќе веќе имаат остварено контакти со туристи од Србија“, вели м-р. Стефан Димовски,портпарол на СВР Охрид.

Димовски додава дека делувањето на полициските службеници  ќе имаат исклучиво превентивен карактер. Портпаролот додава дека полициските службеници нема да имаат службено оружје и друга службена опрема при изведувањето на превентивното делување на активностите. Посебно е значајно што тие целосно ќе бидат  под законодавството и позитивната законска легислатива во Р Македонија. Во оваа насока пред нивното стапување на терен од полициските службеници детално  биле запознаени со  законот за внатрешни работи на Р Македонија и законот за полиција. Токму овие закони ќе бидат рамка на нивното делување во Охрид.
Полициските службеници од Србија задоволни од гостопримството но и од одностот на нивните охридски колеги во пристапот кон граѓаните.

MUP Srbija „Ние сме тука како помош на полициските службеници од СВР на полициската станица во Охрид, каде сме многу убаво дочекани. Веќе остваривме контакти со граѓаните на Охрид, но и со некои наши туристи кои уживаат во прекрасниот Охрид. Кога ќе не видат граѓаните се многу пријатни, не застануваат и прашуваат од каде ние овде“, вели Драган Лукиќ, полициски службеник од Белград.

„Досега остваривме повеќе контакти, неможе да се пожалиме, граѓаните се неверојатно љубезни. Градот е прекрасен“, вели Славиша Илиќ,Полициски службеник од Ниш, дел од крминалистичката полиција.

Инаку денеска започна соработката и реализацијата на договорот за полициска соработка помеѓу МВР и Министртвото за внатрешни работи на Р Србија, договорен во 2011 год. од страна на владите на двете земји.

Полициските службеници од МУП Србија во Охрид ќе доаѓаат во две смени по двајца полициски службеници, за време на летната туристичка сезона, поточно нивниот престој работа и делување на  терен ќе се случува од денес до 15 септември.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top