Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место.
Пријавите се поднесени против Е.М.(18) С.С.(29) И.Р.(29) М.Г.(26) П.С.(24) и Д.М.(48) сите од Охрид кои во текот на минатиот месец се затекнати на различни места на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца. Тие ги воделе односно невнимателно и без надзор ги имале пуштено своите домашни кучиња од расите „Пит бул,, „Доберман„ „Ротфајлер„ „Хаска„ без да им постават соодветни заштитни средства, кои согласно законските одредби се обврзани да ги имаат.
Во еден од овие случаи, овчарско куче нападнало случаен минувач кој доживеал шок и уплав. Со оглед на можноста од повреда при евентуален напад, со ваквото свое невнимателно држење кучиња и други опасни животни и без соодветен надзор, пријавените предизвикале страв и негодување кај останатите граѓани.
Согласно членот 29 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за ваков вид прекршок, предвидена е глоба во износ од 100 до 400 Евра во денарска противвредност.
СВР Охрид и понатака ке продолжи со санкционирање на сите оние физички лица кои и понатака невнимателно држат кучиња и на јавни места ги водат без заштитни маски или ги пуштаат без соодветен неопходен надзор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град