Свлечиштето кај Извиднички Центар засега заштитено само со насип од камен

Насип од камења во моментов го спречува ширењето на свлечиштето кое неодамна се појави пред платото на хотел Далјан. Засега тој насип треба да го чува патот од натамошно пропаѓање. Надлежните убедуваат дека состојбата на тој потег е под нивна контрола и дека будно се следи. Но, на лице место нема градежни зафати, ниту пак некаква механизација која влева надеж, дека сепак надлежните ќе направат нешто повеќе за земјата да не го проголта патот кој води до два комерцијални објекти со сместувачки капацитети, на влезот од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Нема градежни зафати околу санирање на опасното свлечиштето кое го нагризува патот кој води до хотелот Далјан и Извидничкиот центар, Охрид. Пред платото на хотелот единствено што може да се забележи е тоа што на сред пат истоварен е камен, кој најверојатно треба да послужи за санација на ова критично место. Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици убедуваат дека на тоа место се отпочнало со некакви градежни активности, но поради временските услови и високиот водостој на реката Далјан истите се стопирани. Како што пренесе портпаролот Љупчо Танески, ќе се чека да се намали водостојот на реката Далјан со цел да може надлежните екипи да интервенираат во комплетна санација на свлечиштето.

„Точно е дека се интервенира со камен односно на појавеното свлечиште за да се заштити асфалтираниот пат кој што е во непосредна близина се изгради еден камен насип, кој што првенствено треба да го стопира ширењето на свлечиштето, ни покрај тоа во голема мера ќе придонесе за заштита на најблиски асфалтираниот пат кој што поминува на овој дел“.

Танески тврди дека не постои опасност од ширење на свлечиштето. Тој нагласи дека состојбата била алармантна, но после увидот од стручните екипи на Секторот, како и по преземените зафати состојбата била под нивна контрола и будно се следела.

„Од страна на надзорните екипи секој втор ден екипите на Секторот се на терен. Точно е дека во изминатиов период времето беше убаво, но имајќи во предвид дека се наоѓаме во рана пролет, сеуште имаме големи врнежи од дожд на планините снег, и тоа е причината што водостојот е зголемен и стои на исто ниво. Со подобрување на времето, во текот на април ќе продолжат градежните активности“

Се наметнува прашањето што доколку временските услови не се подобрат, како и што најавуваат метеоролозите обилни врнежи од доджд и се покачи нивото на реката Даљан? Портпаролот вели дека нивните инженери размислувале и на тоа, односно дека во тој случај ќе преземеле мерки за изведба на покрупни градежни активности во насока на заштита на локалното население, како и за да се заштити најблискиот патен правец. Но според размислувањата на Танески, не се очекувало зголемување на водостојот на реката. Тој се надева дека до почетокот на летната сезона ќе се создадат услови за работа така што проблемот ќе биде трајно решен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top