За оваа среда свикана е триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.02.2020 година со почеток во 9:00 часот.
За оваа среда свикана е триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.02.2020 година со почеток во 9:00 часот.
Градските избраници на ова издание на седницата на совет треба да ја усвојат, предлог- програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и предлог – одлуката за усвојување на стратегијата за родова еднаквост во општина Охрид за 2020.
На дневниот ред ќе се најдат и предлоодлуките за аплицирање на општината во два проекти кои треба да се изготват во соработка со соседна Грција во рамки на програмата INTEREG IPA и тоа „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ и „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“.
Советниците треба да расправаат и за оредлог одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, а се очекува да дадат согласност и за одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“-Охрид со статус на административни службеници за 2020 година. Покрај останатите точкжи на дневниот ред ќе се дискутира и за прифаќање донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во нас. Рача.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град