СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Утре во 11 часот охридските советници преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација, ќе ја одржат 42та седница на Советот на Општина Охрид.

 |   | 

Утре во 11 часот охридските советници преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација, ќе ја одржат 42та седница на Советот на Општина Охрид.

На дневниот ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат предлог-oдлуката за изменување на Oдлуките за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.

Советниците треба да расправаат и за предлог-годишната програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година, како и за предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП„Нискоградба Охрид “-Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top