Светското наследство во рацете на младите

Средношколците од Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“, идни туристички водичи.

 |  Голабовски Крсте  | 
flaer
флаер

Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич.

проfesori i ucenici„Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова е ендемичен тркалезен сунѓер, кој го најдовме во водите на Охридското езеро и затоа го нарекуваме „музеј на живи фосили“, велат средношколците од ова училиште.

Во реализацијата на проектот беа вклучени 17 ученици, а активностите се спроведуваа во Локалитетот Св. Наум, кој претставува културен, природен споменик, но и неодминлива туристичка атракција. Проф. Томановска Костадинка, која и самата беше дел од тимот професори од оваа образовна установа и учествуваше во реализацијата на проектот истакна дека со самото излегување на терен и непосредно запознавајќи се состојба во која се наоѓа локалитетот, учениците имаат увид за локалитетот кој треба да им го презентираат на потенцијалните туристи.

profesori„Целта е остварена, ја подигнавме свеста кај учениците, за зачувување на културното и природното наследство. Овозможивме учениците да се стекнат со точни и конкретни податоци за локалитетот, со што станаа способни да бидат туристички водичи во самиот локалитет.Го афирмираа целосно локалитетото Св. Наум и ги мотивираа останатите ученици во училиштето да учествуваат во иработка на проекти“, објаснува таа.

Професорката Томановска информира дека проектот се одвиваше во неколку фази и тоа прво учениците теоретски се информираа, а потоа го посетија локалитетот Св. Наум, каде истражуваа, собираа податоци. Потоа следуваше анализа на собраните податоци, а беше изработена  и збирка на инсекти, растенија, како и флаери со фотографии и текст кои лично учениците ги изработија. Во реализацијата на проектот беа интегрирани четири наставни предмети и тоа: Културно историско наследство, проф. Вељаноска Сузана Туризам, професорката Караман Јелиз, предметот географија, професорот Маријан Радески и биологија професорката, Томановска Костадинка. Со средствата одобрени од УНЕСКО, исто така набавена е и опрема за ова стручно средно училиште.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top