Петкратниот светски шампион во теквондо, Сајан Бат, ѕвезда на Охрид Опен 2012

На Охрид Опен 2012 тој ќе ја претставува Русија, а покрај Бат, на турнирот најавени се претставници од Бугарија, Хрватска, С рбија и  Босна.

 |  Мишел Наумоски  | 
sajan nat
сајан бат

20те години постоење на Македонската теквондо федерација ќе бидат одбележани на фантастичен начин. Ѕвезда на турнирот кој се организира по повод овој јубилеј ќе биде рускиот теквондо борец Сајан Бат. Она што е најинтересно за Бат е дека тој во земјава доаѓа без ниту еден единствен пораз во својата кариера. Со овој спорт почнал да се занимава уште во детството, а борец е веќе 12 години. Ексклузивно за нашата tekvondo gostinтелевизија, Бат открива како успеал да остане непоразен сите овие години.

„Па не знам како сум успеал да останам непоразен. Не знам, тоа е нешто што го имаш во себе, едноставно кога ќе застане пред тебе противникот го гледаш како една задача и ти само делуваш.“-вели Сајан Бат, светски првак во теквондо.

Го запрашавме со какви амбиции дошол на турнирот во Охрид и дали очекува да освои некој медал, а тој, со едноставен одговор…

„Со медал или без медал тоа воопшто не ми е важно. Едноставно сакам да демонстрирам техника. Таму ќе има и мали деца кои сакаат да се занимаваат со овој спорт па ќе можат да видат што е теквондото.“-додава Бат.

Инаку Бат е петкратен светски првак во теквондо. На последното светско првенство во Јужна Кореја во 2010 Saso Popovskiгодина го освои првото место, а со златен медал се закитил и на Европското во 2011та. Идол му е Брус Ли бидејќи како што вели тој: „Брус Ли е вистинска легенда и навистина ми се допаѓа неговата филозофија, а и неговите филмови.“ Сајан е воодушевен од Охрид. Вели уште со самото доаѓање тука почувствував еден поинаков воздух, видов една прекрасна природа. За нашата земја знае од учебниците по историја, во кои изучувал за Александар Македонски или Велики како што го викате вие. Покрај Бат, ќе има и претставници од повеќе соседни држави.

Поповски додава дека дел од најавените учесници го откажале своето учество од безбедносни причини поради ситуацијата во Скопје, но вели дека се надева на што е можно поголем број на борци. Инаку турнирот се одржува во салата во Билјанини извори, а влезот за сите натпревари е бесплатен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top