Четириесеттина научни работници од Европа ќе ги сублимираат досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро, едно од најбогатите природни езера во светот со ендемски видови.
Четириесеттина научни работници од Европа ќе ги сублимираат досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро, едно од најбогатите природни езера во светот со ендемски видови.
Ќе се формираат и менаџерски тимови со цел да отпочне заеднички проект од 2010 година вели Гоце Костоски-директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Прелиминарните истаржувања покажале дека езерото е старо помеѓу 3 и 4 милиони години, но тоа се само претпоставки па затоа ќе се продолжи со понатамошни истражувања велат научните експерти.
Во Охридското Езеро живеат преку 200 ендемски организми, само тука и никаде на друго место во светот, вели Томас Вилке специјалист за генетски истражувања од универзитетот во Гизен-Германија.
Првичните истражувања покажале дека Охридското Езеро доживеало големи климатски и тектонски промени, вели универзитетскиот професор од Германија, Бернд Вагнер. Научните истражувања на Охридското Езеро ги поддржува Министерството за животна средина.
Дејан Паноски од Министерството за животна средина смета дека со досегашните и понатамошните истражувања како и со изготвување на законска легислатива, од македонска и албанска страна, ќе се стави крај на тврдењата дека не се направило ништо за заштита на езерото.
Понатамошните истражувања според најавите ќе траат во следните 6 години, а ќе бидат финснсирани од Интернационалната корпорација за длабински истражувања. Организатор на експертската работилница, која ќе трае четири дена, е Хидробиолошкиот институт од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град