Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси.
Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион се одбележа светскиот ден на водни живеалишта.
Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците.
На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во иднина) одржа проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки Завод од Охрид, истакнат експерт и познавач на состојбите во Преспа и Преспанското Езеро.
Денеска во преспанскиот регион покрај Светскиот ден за водни живеалишта се прославуваше и 9 годишнинта од Преспа паркот, што претставува
Заедничката идеја помеѓу трите држави Македонија, Грција и Албанија за формирање на прекугранично заштитено подрачје Преспа Парк и отпочнување на заеднички напори за воспоставување на хармонизирано и интегрирано управување со природните вредности во сливот на Преспанското Езеро.
Целта на формирање на регионот е подобрување на социо-економската перспектива на локалните заедници со истовремена заштита и унапредување на исклучително богатиот и ендемичен биодиверзитет кој опстојува во овој регион.
Од посебен интерес за нашиот регион е Охридскиот регион да го внесиме во листата на биоводни резервати, со тоа да му дадеме поголемо значење, а Албанскиот дел да го ставиме на листата на Унеско истакна Пановски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град