„Прва помош за хуманост“, е мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.
На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид.
Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“.
„Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков.
И покрај лошите временски услови, на градскиот плоштад се спроведоа низа активности преку кои на посетителите им беше презентирано, дел од она што го работат волонтерите на Црвенио крст, Охрид.
Години наназад, доста професионално ја спроведуваме и обуката за возачи, истакна Точков. Тимовите, волонтери при ОО, поседуваат знаења за укажување на прва помош, секогаш и секаде. Нашите искуства подготвени сме да им ги пренесеме на сите кои сакаат да бидат дел од нашиот Тим, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град