Светски ден на крводарителството

Симболична крводарителска акција за одбележување на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Меѓу хуманите крводарители имаше и нови сили, но и вистински рекордери и ветерани кои несебично давале крв низ годините.

 |  Мишел Наумоски  | 
krvodaritelstvo
крводарителство

Симболична крводарителска акција за одбележување на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Меѓу хуманите крводарители имаше и нови сили, но и вистински рекордери и ветерани кои несебично давале крв низ годините. Денес е посебен ден за крводарителите и за Црвениот крст од Охрид, но нашите активности не запираат во текот на целата година-вели претседателот на Охридскиот Црвен крст-Сашо Точков.

14 Јуни минува во знакот на црвената боја, во знакот на организациите на Црвениот крст, но пред се, во знакот на сите хумани луѓе кои несебично даруваат крв. Денес е Светскиот ден на крводарителството. Симболично беше одбележан во одделот за трансфузиологија при Општата болница во Охрид со крводарителска акција. Меѓу дарителите преовладуваа младите сили, но имаше и вистински ветерани кои преку 70 пати несебично ја споделиле својата крв со оние на кои им била потребна. Кој е мотивот за еден таков подвиг?

„Чиста причина е да бидеш хуман, сакам да им помогнам на другите луѓе што им треба крв. Мислам дека уште од првиот момент, почнав од војска да дарувам крв и си продолжив оттука па навака. Чиста хуманост од самиот себе-човекот што може да дава. Друга причина нема“-вели Абдула Демиша-крводарител.

Демиша додава дека доколку го послужи здравјето, тој планира да дарува крв дури и над стотина пати. Во пресрет на овој ден, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид учествуваше и со свој придонес во акцијата и одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството.

krvodaritelstvo„14 Јуни насекаде во светот се одбележува како светски ден на крводарителството со разни активности. Ние цела година не сме застанати со активности, така да за хуманите луѓе и сите оние кои што работат на оваа проблематика, Светскиот ден е само како симболичен начин да се одбележи тој ден. Во пресрет на овој ден, на 9ти Јуни имавме крводарителска акција која што ја организиравме за прв пат оваа година со покровителство на Сава-Табак Осигурување и презадоволни сме од одзивот и од она што го сработивме на таа акција.“-рече Претседателот на О.О Црвен Крст од Охрид, Сашо Точков

Точков ја изрази својата благодарност до сите крводарители кои и на овој ден, но и во текот на целата година несебично ја даваат својата крв и со тоа спасуваат човечки животи. Со крводарителските акции се прибираат витални единици на крв кои им се потребни на болниците.

„Денеска имаме крводарители кои што самостојно, доброволно доаѓаат и си даруваат крв. Соработката со Општинската организација на Црвениот крст е одлична, имаме многу плодна соработка, организираме голем број крводарителски акции, секој месец се организираат крводарителски акции, посебно сега во летниот период кога е криза. Организирани се неколку крводарителски акции и се надеваме дека потребите за крв на болницата ќе бидат задоволени.-вели Д-р Соња Србакоска-Специјалист трансфузиолог

Мотивацијата на крводарителите е клучна за успехот на ваквите хумани акции, а до каде стигнуваат границите на хуманоста покажува и структурата на крводарители меѓу кои се сретнуваат и цели семејства кои несебично ја даруваат оваа скапоцена течност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top