По повод вчерашниот ден за борба против ракот Сетската здравствена организација, предупредува дека малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа.
По повод вчерашниот ден за борба против ракот Сетската здравствена организација, предупредува дека малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа.
Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во последните десеттина години стапката на нови регистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена.
Генерална причина за појавата на ваквите заболувања не е констатирана, а симптомите најчесто се нејасни, затоа според лекарите најважна е примарната превенција.
Во Охрид исто така е забележан раст во регистрираните случаи. Најчесто се регистрирани заболувања на простата, желудникот, дојката и белите дробови. Ваквите случаи се решаваат оперативно во зависнос од стадимот на болеста.
Болните од карцином кај нас честопати се сочуваат со проблеми. Немаат доволно лекови и терапија, но пред се кога станува збор за ваквите заболувања, психолошкиот стрес е еден од нај големите проблеми кај пациентите.
Европската Унија, активно ја има поставено оваа тема како приоритет на сите земји членки на Унијата, како и на земјите кандидати за членство, а Европската парламентарна комисија за здравство и животна средина усвои Резолуција за борба против рак и бара таа да биде ратификувана во сите земји членки.
Иницијативата на Сетската здравствена организација, фокусира врз по младата популација, затоа и мотото на годинешната кампања е, „да се охрабрт децата да се хранат здраво и да се физички активни“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град