Светосавски ручек на србите кои живеат во Охрид

Српското здружение „Коштана“, од Охрид, годинава јубилејно по 10 пат го одбележува празникот Св Сава еден од најголемите српски празници. Србите од Охрид и годинава се собраа на заедничко одбележување со молитва, ручек и нивните традиционални специјалитети.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Светосавски ручек на србите кои живеат во Охрид. Традиционално и годинава Српската заедница во Македонија денеска го празнува Св.Сава, еден од најголемите српски празници. Св Сава се смета за еден од најзначајните личности на српската историја и основач на српската црква која го слави како светец.

„Бидејќи Св Сава е голем празник, тој е многу голем светец, многу значаен за нас србите, бидејќи тој е првиот просветител во Србија, изградил прва црква, основал прва архиепископија во Србија, многу училишта, цркви, манастири…тој е многу благороден праведен и силен свештеник. Ние го одбравме како светец на нашето здружение. Ние го славиме денес на денот принесуваме колач пченица и се друго што прилега за една српска слава

Благословувањето, осветувањето и целиот црковен обред за празникот не би имал симболика без свештено лице. И годинава славскиот колач го балгослави отец Сашо Ристески парох при храмот Св Никола, Долна Влашка маала. Тој истакна дека МПЦ ја дава својата поддршка на српското здружение во Охрид.

„Би сакал да потенцирам дека нивната наклонетост кон нашата МПЦ со тоа што намерно бараат свештеник од МПЦ, со тоа тие искажуваат дека тие всушност ја почитуваат и нашата православна Црква, државата и градот во кој што живеат. За многу години честита слава и Св Сава како православен светител нека е молитвеник пред Бога за сите нас како православни и во Македонија, Србија, на Балканот и насекаде во светот

На светосавскиот ручек секоја година присуствуваат над стотина граѓани, додека пак српското здружение во Охрид има околу 500 членови. Традиционалната богата трпеза и годинава беше прекрасен декор на масите, а настанот и годинава им овозможи на нашите српски сограѓани да се видат и да си поприкажат по некој лав муабет. Годинава за името и делата на Св Сава, на одбележувањето беше прочитан и рецит

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top