„Светиот завет“ од Томислав Тунтев, оставштина за идните генерации

Синоќа промовиран романот „Светиот завет“ од Томислав Тунтев. Ова дело, вели авторот е оставштина за идните генерации.

 |  Јаковлева Лионела  | 
книга
kniga

„Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сватив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во тој жежок јулски ден се роди идеата за „Светиот завет“, раскажува Томислав Тунтев, авторот на оваа книга која синоќа беше промовирана пред широката охридска јавност. Во овој роман опфатен е еден период од 1100 години од живеачката и пулсирањето на Охрид и охриѓани. Тунтев вели дека една година истражувал, ги проучувал делата на охридските автори, барал на интернет по разни архиви и дошол до неверојатни историски сознанија кои додека не почнал да ги става на хартија го притискале и измачувале. Потребата да ги споделам со моите сограѓани беше огромна, потенцира авторот, а целта со која го напишав ова дело е за ние самите да си го запознаеме нашиот град за да можеме нашите сознанија да им ги пренесиме на идните генерации.tomislav tuntev

Денес се делиме по многу основи, но постои една работа посилна од се. Тоа е фактот што сме охриѓани и што го сакаме нашиот град. Без разлика на сето тоа што не прави различни и не дели, постои нешто кое може да не сплоти. Пораката во суштина значи дека треба да го пронајдеме тоа што ќе не држи заедно. Се надевам дека многу вистини ќе излезат на видело, а многу неодговорени прашања ќе бидат одговорени.“ – потенцира Тунтев.

Рецензентите на романот, Владо Жура, Милчо Јованоски, Стојан Савески и Горан Михајловски во своите излагања имаа еден заеднички именител, а тоа е дека секој охриѓанец мора да го прочита и препрочита „Светиот завет“ од Томислав Тунтев бидејќи ова дело e како библија за Охрид.

 Да се фатиш во костец со културното наследство, од историското минато на нашиот град, претставува зафат, односно чин на јунаштво. Да проучиш стотици и илјадници страници, да ги одбереш најкарактеристичните настани и да ги преточиш преку една цела галерија непристрасно прикажани ликови – од великодостојници, па се до обични граѓани, прекрасно извајани и умешно доловени, со сите нивни внатрешни душевни превирања, немири и грижи.“ – истакна публицистот Владо Жура.

„Светиот завет“ освојува на јуриш. Ме погали како стрмец и ја разбуди мојата желба да ја откријам повторно историјата, за нашиот и вашиот Охрид. Тунтев толку вешто го прераскажува минатото на градот, небегајќи од фактите. Создал роман кој во себе соддржи не само хронолошки, туку и естетски стил. Галеријата од маркантни ликови, до сега знаени и незнаени за охриѓани, се обоени со писателска нарација, давајќи им дух на нашето време.  – истакна новинарот Милчо Јованоски.

„Ако се чувстувате како охриѓани, значи дека ова дело треба да ви стане задолжително четиво. Тунтев, доследно почитувајќи го духовното завештение на основачот на редот, не води низ древниот град, во временски распон од над илјада години. Притоа, запознавајќи не со низа маркантни фигури, кои секој на свој начин оставиле длабоки белези врз вечниот Охрид. Покрај нив, ќе сретнете и многу обични битија, мештанци и дојденци, чии судбини се испреплетиле. Во сите нив, поривот за Охрид останува.“ – појасни публицистот Стојан Ставески.публика

„Авторот е многу солиден, а низ соддржината на целиот томан се дадени толку прецизни факти кои не можат да се најдат во многу историски книги. Тоа е направено со мешање на мистиката и реалноста, направена со усул и непретенциозно. Оваа книга е лесна читање, бидејќи Тунтев употребува жив јазик, а дијалогот помеѓу ликовите е разговорен. Посебно ме фасцинираа описите на езерото и на сето тоа што се случува, на некои историски ситуации, кои се чувствуваат како баш сега да се случуваат.“ – истакна    новинарот Горан Михајловски.

Промоцијата на книгата беше пропратена со звуците на клавирот во изведба на Емилија Маринова и видео перформанси со охридски мотиви.

Инаку, книгата „Светиот завет“ е печатена во „Летра дизајн“. Љубителите на пишаниот збор синоќа имаа можност да ја купат по промотивна цена од 250 денари. По книжарите книгата ќе се продава по цена од 500 ден. Синоќешната продажбата имаше хуманитарен карактер. Дел од приходите се наменети за Црвен крст од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top