Свети Трифун или Свети Валентин?

Со црвено вино и црвени срцa се слават Св.Трифун и Св.Валентин.

 |  Мишел Наумоски  | 
srce
срце

Денес, се во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се слават Св.Трифун и Св.Валентин. Некои го слават едниот, некои другиот, а некои наоѓаат време и за двата празника. Лозарите закројуваат три пенушки за бериќет, вљубените пак си разменуваат подароци.
Од црвено-поцрвено!
Вековната традиција соочена со тековниот  тренд. Прашање е дали треба да се држиме цврсто до традициите или треба да ги прифатиме глобалните трендови? Се поголем број на луѓе одвојуваат време да го слават и католичкиот Свети Валентин. Свети Валентин се смета како заштитник на вљубените. Неговиот идентитет не е познат, но се смета дека станува збор за католички бискуп кој ги натерал луѓето да веруваат во моќта на љубовта. Поради тоа, бил погубен токму на 14 Февруари.

kroenjeЛозарите,пак денес закројуваат три пенушки од своето лозје, со верба дека тоа ќе им донесе голем бериќет. Кај православните македонци во некои краишта како Охрид, Битола, Прилеп, празникот е познат како Трипун пијаница. Според народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и лозарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи, поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

„Се закројуваат лозјата, секоја година истото, истите обичаи ги правам. Ова мене не ми е професија ама сепак сакам да го работам. Инаку се носи лепче претежно округло, ние по селски го викаме погача. Се полева со вино и се кројат две-три пенушки, корења. Потоа се седнува да се јади и се пие вино.“-ни раскажа Петре Стојчески-жител на Подмоље.

Без разлика кој што претпочита да слави добро е да се празнуваат убавите работи. И виното и љубовта се божествени дарови, и мора да се чуваат. Но важно е да се напомене  дека и православието  има свој ден на вљубените. 30ти Септември е денот на  Света Софија-мајката на верата, љубовта и надежта. Наша препорака е наместо помодарски да прифаќаме туѓи празници, би можеле да ги славиме сопствените. Впрочем и без нив, секој ден може да ви биде ден на виното и ден на љубовта.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top