И оваа година свечено се одбележа денот на Свети Сава. Српско-македонското друштво „Коштана“ со традиционална трпеза, светисавски колач и убави мисли им го честита денот на сите срби во градов и пошироко.
Осма година по ред во Охрид, но и во целата држава се одбележува денот на Свети Сава. Ова е еден од назначајните православни празници во српскиот верски календар. И оваа година свеченоста се одржа во ресторанот „Белведере“, а за организацијата се погрижија членовите на српско-македонското друштво „Коштана“. На традиционалната богата трпеза, покрај различните српски јадења, се наоѓаше и светисавскиот колач, а од младите членови на „Коштана“ беа рецитирани песни за големиот светец. По повод празникот, убава порака испрати претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ.
Ние сме еден конструктивен народ и воопшто не се разликуваме со македонскиот. Речиси сите бракови се мешани па сите зборуваме течно македонски, прифатени сме во сите заедници, а денес го одбележуваме нашиот значаен православен празник, рече Среќко Стојановиќ-претседателот на „Коштана“,
Во здружението „Коштана“ има околу 300 членови , а во Охрид има околу 700 срби. Марија Младеновска речиси пеесетина години живее во Охрид. Таа за прв пат од Србија дошла во градов на 12 год. кога и се запознала со својот сопруг. Таа за ништо не би го менувала својот живот поминат во Охрид.
За мене Охрид е втор Ерусалим. Цел мој живот и цел професионален ангажман го поминав тука. Работев во просвета и образував многу деца. Сите убаво ме прифатија и воопшто не жалам што дојдов во Охрид, вели Марија Младеновска, член на здружението „Коштана“
Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.
Инаку, вистинското име на свети Сава е Растко Немањиќ, и е син на Стефан Немања, големиот српски жупан. Стефан му понудил на својот син да биде крал на Србија, но овој го одбил при што избегал во Света Гора каде што се замонашил. Заедно со својот татко го изградиле манастирот Хиландар и таму го добива и своето црковно име Сава. Сава бил првиот српски архиепископ, основал манастири и школи во средновековна Србија. Починал во Велико Трново, во Бугарија. Согласно Законот за празници, Свети Сава е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град