Познатиот писател Славе Ѓорѓо Димоски, го понесе највисокото општинско признание за животно дело, наградата Патронот на градот- „Св. Климент Охридски“. Денес Локалната и официјално ги претстави имињата на наградените личности и институции за своите заслуги.
Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус.
„Творештвото на Славе Ѓорѓо Димоски е меѓународно наградувано во Романија, со познатата награда Грандпри за Европска поезија во 2009 г. и високиот орден Сергеј Есењин во 2012 г. во Москва во Руската Федерација, а сведоци сме дека неговите книги во последниве години се почесто се преведуваат на светски јазици. Како посебен момент за угледот што го има творештвото на нашиот поет ќе го наведеме и неговото посебно претставување на Белградскиот саем на книгата, кој е еден од трите најголеми во Европа“ -вели Петрески.
Претседателката на Комисија за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, Виолета Мицкоска ги претстави имињата на носителите на Повелбата Патрон на градот- „Св. Климент Охридски“.
„Врз основа на конкурсот за доделување на Повелба до Комисијата пристигнаа 4 барања за доделување на оваа награда и само една не беше потполна. Комисијата одлучи годинешни добитници на Повелбата да бидат Ѓорги Трпчески, Радио Охрид и постхумно за естрадниот уметник Секула Пупиноски. -вели Мицкоска.
Според податоците на Комисијата во однос на бројот на пријавени апликанти, очигледно интересот кај охриѓани се помал за највисоките признанија. Наградите на годинешните лауреати ќе им бидат доделени в сабота на свечената академија по повод празникот Св. Климент Охридски – патрон на градот Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град